Monday, May 16, 2011

Печалбари

Печабари е приказна за љубовта помеѓу убавата и богата Симка и сиромашниот Костадин. Според адетот невестата треба да секупи од таткото за да се сврши со момчето. Костадин нема пари да го направи тоа, затоа подмолниот татко на Симка богатиот трговец Јордан вели дека му позајмува пари на Костадин, и му ја дава Симка. По некое време Симка очекува бебе, тогаш таткото на Симка Јордан доаѓа кај Костадин божемски  ќе им честита за бебето. Тогаш Јордан му вели на Костадин дека треба да оди на печалба за да му ги  врати парите што му ги позајмил пред неколку години. Костадин оди на печалба со останатите од селото во Белград и останува 5 години. Во, меѓувреме добива син- Коле. Костадин за време на печалбата се разболува од туберкулоза и умира. Тоа најмногу го погодува петгодишниот Коле кој не му се исполнува желбата да го види својот татко. „Печалбари“ е најпозната македонска трагедија- драма. Нејзин автор е Антон Панов.

No comments:

Post a Comment